КРАТКА АНАЛИЗА ЗА УПРАВУВАЊЕ И РАЗВОЈ СО НАЈВАЖНИТЕ ФАКТОРИ ОД СЕКОЈА КАТЕГОРИЈА ВО ЈЗУ ЗДРАВСТВЕН ДОМ КРУШЕВО

ОСНОВНИ ЗАДАЧИ:

    1.Зачувување и унапредување на здравјето на населението од Општина Крушево и дел од Општина Долнени од мешан етнички состав (Македонци, Албанци и Власи) за извршување на својата дејност функционира со следните служби: имп со домашно лекување, превентивна здравствена заштита на предшколски и школски деца, поливалентна патронажа, стоматолошка здравствена заштита на деца до 14г., примарна здравствена заштита во рурални средини, обезбедување на лекови, интерна медицина со дијабетологија, биохемиско-лабараториска дејност, рентген дијагностика и физикална терапија.

    2.Економски и рентабилно работење,посветување на превентивата,доекипирање на ИМП со вработувања ( 3 доктори заради испраќање на специјализација) , доопремување на службите со нова опрема(ехо апарат, екг апарати, мамомат дигитален, панорам и биохемиски анализатор) одржување и обновување на возниот парк заради застарен со непостоење на три возила (лесно возило со лежај, патронажно возило и теренско возило), санација на прозорци со пвц столарија, дрвен инвентар, реновирање на парното греење кое функционира преку 40 години), легализација на објектот во Крушево и амбулантите во с.Житоше, с.Бучин, с.Пуста Река, с. Д. Дивјаци и с.Норово), вработувања покрај 3 доктори неминовно е вработување на административно технички персонал со (еден дипломиран економист, еден дипломиран правник, рурален шофер, магационер, котлар и хигиеничар

    3.Ризици за развојот на здравствениот дом се ридско планинско подрачје со неразвиена инфраструктура, непристапни населени места особено во зимскиот период, општина на пензионери и стари лица и општина каде младите постојано се иселуваат.

    4.Можности за развој гледаме со зголемување на буџетот за 2018 година за да можиме целосно да ја извршуваме основната задача за зачувување и унапредување на здравјето на населението и обврските кон добавувачите, од причина што 90% од буџетот покрива плата на вработените заради старосна популација на вработените и 10% останува за сите обврски.

ГРАДИМЕ ОПТИМАЛНО НИВО НА ХУМАНОСТ, РАЦИОНАЛНОСТ И ЕФИКАСНОСТ СО МИНИМУМ РАСПОЛОЖЛИВИ СРЕДСТВА.

14.11.2017 Крушево

ЈЗУ Здравствен дом Крушево


Директор Др. Зорица Манчевска Трајчулеска